(Видео) Џеј Ло доби Ем-ти-ви награда и им ја посвети на луѓето што ѝ рекле дека никогаш нема да успее

Пејачката Џеј Ло на доделувањето на наградите МТВ Муви и ТВ Авордс одржа емотивен говор кој го посвети на нејзините деца, но и на партнерот Бен Афлек. Џеј Ло се расплака на сцената кога во говорот ги спомена нејзините деца Макс и Еме, а потоа им се заблагодари и на луѓето што во лице ѝ рекле дека нема да успее, затоа што без нив немало да биде тоа што е денес.

„Сакам да им се заблагодарам на луѓето што беа искрени со мене, но и на оние што ме лажеа“, порача Џеј Ло.

Џенифер Лопез на доделувањето на наградите го доби највисокото признание, „Генерејшн награда“ што им се доделува на омилените актери што подеднакво се појавувале во филмските и во ТВ проектите и станале најпрепознатливи имиња. По добивање на „златните пуканки“ Џенифер Лопез во говорот на сцената им се заблагодари на луѓето што ја поддржувале, но и на тие што ја лажеле и ѝ го скршиле срцето.

„Благодарна сум на вистинската љубов, но и на тоа што се залажував себеси, затоа што знам дека само на тој начин можев да пораснам“,  рече таа.

Таа на црвениот тепих во Санта Барбара се појави сама без Бен Афлек, за кој како што рече останал да ја чека дома со децата. Говорот на Џеј Ло заврши со порака до Бен Афлек:

„Чекај ме за вечера, ќе бидам дома до седум“, рече таа.

Џеј Ло беше облечена во креација од Монот со кожен топ и длабоко деколте и црно долго здолниште.

Scroll to Top