(Видео) Џејми Ли Кертис првпат доби номинација за „Оскар“ по 45 години кариера

Актерката Џејми Ли Кертис првпат е номинирана за Оскар во категоријата најдобра споредна женка улога во филмот „Сè секаде одеднаш“.

Џејми на Инстаграм сподели видео на кое во живо ги следи номинациите за Оскар и нејзината реакција кога го виде нејзиното име меѓу номинираните.

„Вака изгледа едно изненадување. Деби Опенхајмер, една од моите најстари пријателки, ми прати порака дека јаде пред мојата куќа и ме праша дали сакам друштво додека ги гледам номинациите. Деби доби Оскар за прекрасниот документарен филм што го сними, Into The Arms Of Strangers: Stories of the Kindertransport. Таа дојде и седеше со мене како што седев со неа на денот кога отиде на Оскарите, кога таа победи. Се држевме за раце. Не ни сфатив дека ме фотографира. Нема филтри. Нема лаги. Само вистинска моментална радост“, рече актерката.

Џејми Ли Кертис е во категоријата за најдобра споредна женска улога со Андела Басет, Хонг Чау, Кери Кондон и Стефани Хсу. Филмот „Сè секаде одеднаш“ освои 11 номинации на овогодинешните Оскари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jamie Lee Curtis (@jamieleecurtis)

Scroll to Top