Џенифер Лопез им даде на своите обожаватели нов поглед во внатрешноста на раскошната вила во Бел-Ер што се обидува да ја продаде, а во која живееше со поранешниот сопруг Бен Афлек, додека се подготвува за празниците.
Додека полнеше божиќен чорап со производи од нејзината линија за убавина, пејачката откри дел од домот, чија цена неодамна беше намалена од 68 милиони долари на 52 милиони долари, откако е на пазарот веќе една година, објавува Daily Mail.
Видеото ја прикажува Лопез, облечена во кафеав спортски градник и хеланки, како се смее додека става предмети во плетен чорап над каминот. Таа откри елегантно декорирана соба со дрвена маса, зелени столчиња и декадентен лустер од злато и кристал во форма на палма.
View this post on Instagram
Поранешните сопружници, кои беа во брак две години, ја купија вилата во 2023 година за 68 милион долари и ја ставија на пазарот во јули 2024 година. Сепак, продажбата се покажа како потешка од очекуваното. Според изворите, високите трошоци за одржување и осигурување наводно ги одвраќаат потенцијалните купувачи.
Извор за UsWeekly претходно тврдеше дека Афлек е подготвен да ја продаде без оглед на конечната понуда. „Бен сака да се ослободи од неа… Тој само сака да биде продадена“, рече изворот.
Трошоците за осигурување од пожар, кои нагло се зголемија по смртоносните пожари во Јужна Калифорнија на почетокот на минатата година, се проценуваат на огромни 500.000 долари годишно.
Импозантната градба, позната како „Имотот Волингфорд“, се протега на 4.273 квадратни метри и се наоѓа на ‘рт од два хектари. Главната куќа има 12 спални соби и 24 бањи, а до имотот се пристапува преку два приватни влеза со порта.
Покрај главната куќа, имотот вклучува и пентхаус за гости од 4.500 квадратни метри, куќа за домар и куќа за обезбедување со две спални соби. Гаражата може да прими 12 автомобили, а имотот има паркинг за уште 80 возила.
Посебна атракција е затворениот спортски комплекс со целосно опремена теретана, терени за кошарка и пикбол, како и боксерски ринг. Исто така, има спортски салон со бар, фризерски и козметички салон, домашно кино, винарска визба, салон за виски, како и сауни и соби за масажа.
Зад куќата се наоѓа огромен базен со таканаречен нулти раб, чија вредност се проценува на околу 150.000 долари. Нуди спектакуларен поглед на околните планини.
фото/депозитфотос






