(Видео) Џил Бајден ја преуреди Белата куќа и ги повика граѓаните да носат маски

Првата дама на САД  објави видео од Белата куќа во кое ги повикува граѓаните да носат заштитни маски во јавноста.

Со неа на видеото се и миленичињата, германскиот овчар Шампион и Мејџор.

„Не заборавајте да носите маска дури и кога го шетате вашето куче надвор. (П.С. – Шампион и Мејџор се согласуваат со тоа)“, напиша Џил под видеото.

„Ја обожавам“, „Конечно нормална прва дама“, „Колку е убаво да се види како некој зборува значајно“, „ Со ова видео Џил направи повеќе отколку Меланија за четири години“, „Многу е убаво да се има прва дама која не е национална срамота“, се само некои од коментарите.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by First Lady Dr. Jill Biden (@flotus)

Сопругата на Џо Бајден покажа и дел од внатрешноста на Белата куќа. Таа седи на голема фотелја, а кучињата се до неа на скапоцен килим. Во просторијата доминираат зелената и белата боја. На двете дрвени маси во позадината се поставени огромни ламби и вазни со свежо цвеќе, а ѕидовите се украсени со големи слики во придушени нијанси.

Инаку, Џил и Џо Бајден веќе поминаа осум години во Белата куќа, но тогаш не живееја во неа, бидејќи Џо беше заменик на Барак Обама во тоа време.

 

 

Scroll to Top