Холивудскиот глумец Џон Траволта, еден и пол месец по смртта на сопругата Кели Престон, објави емотивно видео како танцува со својата ќерка Ела. Под кусото видео Џон напиша дека играат во чест на починатата сопруга и мајка. Кели, која исто така беше актерка, почина на крајот на јули од рак на дојката.
„Мојата ќерка Ела и јас танцуваме во сеќавање на мама. Една од омилените работи на Кели беше да танцува со мене“, напиша Џон на видеото и предизвика многу реакции кај своите следбеници.
„Сигурен сум дека таа танцува со вас во моментот. Ви благодариме што го споделивте овој волшебен момент со нас“, „Гледам и плачам, ова е прекрасно“, „Верувам дека таа ве гледа со гордост“, се само некои од коментарите на видеото.
За потсетување, актерската двојка беше во брак 29 години и има три деца – 20-годишната Ела, деветгодишниот Бенџамин и синот Џет, кој почина во 2009 година.