Џони Деп ги збуни фановите откако повторно го видоа како Капетан Спероу. Глумецот неодамна ги истрижи брковите и косата кои беа негов заштитен знак, а сега објави ново видео во кое изгледа како ликот на една од неговите најпознати улоги во филмот „Пиратот од Карибите“.
„Ме збуни тоа што нема брада. Но, секако е супер, сепак тој е капетанот Џек Спероу“, му напишаа тие. Имаше и такви на кои им се допадна без брада и мустаќи.
„Зборувате дека ова не е Џони. Разбирате ли дека и тој се бричи како и сите мажи на планетата“, порачаа тие. За потсетување, Деп пред неколку недели го промени својот изглед кога се избричи и ишиша. Фановите едвај го препознаа, а новиот имиџ му беше за новиот филм во кој ќе го глуми кралот Луј XV.
@tammydepp_1 This is another video of Johnny spending time with Christine Kelly ( the wonderful lady that made us all cry when she met Johnny. @johnnydepp #johnnydepp #johnnydeppforever #johnnydeppsbigheart #beautifulsoul (credit to Christinekelly838)