Кортни Кардашијан со сопругот Тревис Баркер го откри полот на бебето. Додека Тревис свиреше на тапани, таа му седеше во скутот, а од небото паѓаа конфети во сина боја.
„Знаев дека е момче“, се слушна и глас во позадина, а двајцата откако го објавија видеото добија голем и број честитки од фановите.
„Ќе бидете одлични родители. Не сме ја виделе Кортни вака среќна подолго време. Многу ми е драго што ја најде среќата со Тревис“, им коментираа тие.
За потсетување, Корни откри дека е бремена на концертот на Тревис носејќи транспарент на кој пишуваше „Тревис, трудна сум“. Фановите се посомневаа дека Тревис не знаел за тоа. Ова ќе биде прво заедничко дете на парот, додека од неуспешните врски и бракови таа има три, а тој две.
View this post on Instagram