(Видео) Дуа Липа промовира ќебапи како албански специјалитет

Британската пејачка со албанско потекло, 25-годишната Дуа Липа, објави на социјалните мрежи неколку снимки во кои се гледа како јаде ќебапи претставувајќи ги како албански специјалитет.

Во видеата може да се види и албанското знаме, а Дуа во еден момент вели дека сите мора да го пробаат специјалитетот.

Дуа и претходно велеше дека сите треба да пробаат ќебапи додека зборувала за храна од Косово, од каде што е и нејзиниот татко Дукаџин, каде што и самата живеела неколку години во детството.

 

Scroll to Top