(Видео) Двејн Џонсон го претстави промо-трејлерот за автобиографската комедија

Холивудскиот глумец Двејн Џонсон, познат како Карпата, (The Rock), го објави промо-трејлерот за Young Rock, автобиографска комедија, која го покажува целиот негов животен пат и на професионален и на приватен план. Комедијата ќе биде прикажана на телевизиската мрежа Ен-би-си.

Во неа ќе биде претставено неговото детство, периодот на адолесценција и неговите први чекори во борачкиот ринг под менторство на татко му, денес покојниот Роки Џонс. Него ќе го игра Џозеф Ли Андерсон.

„Навистина сакам мојот татко сега да биде тука да го гледа. Колку само би се гордеел“, истакнал Џонсон.

„Дами и господа, еве ви го првиот дел од „Малиот рок“, напиша Двејн Џонсон на „Инстаграм“ и додаде дека Адријан Гролукс, Бредли Костант и Ули Латукеф ги играат десетгодишниот, петнаесетгодишниот и дваесетгодишниот Двејн Џонсон, а вистинскиот се појавува во улога на наратор.

„Не можам да дочекам да ве насмеам вас и вашето семејство и да поделам некои животни лекции што ги научив“, додал тој. Премиерата на серијата е закажана за 16 февруари на Ен-би-си.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by therock (@therock)

Scroll to Top