Глумецот Еди Марфи јавно призна дека жали што не ја прифатил уогата за филмот „Кој го намести зајакот Роџер?“, само затоа што филмот му бил чуден. Улогата на крајот ја доби британскиот глумец Боб Хоскинс. Овој филм на крај освои три оскари. Глумецот гостувајќи во телеизиското шоу кај Џими Фалон, откри дека во 1988 година, му ја понудиле оваа улога.
„Бев зачуден. Анимацијата и луѓето, тоа едноставно ми звучеше лошо. Но, сега секој пат кога ќе го гледам филмот, се чувствувам како идиот“, изјавил Марфи.
Марфи на Фалон и публиката им откри дека во наредниот период треба да сними низа на комедии и дека е во преговори со луѓето од „Нетфликс“.