Славните актери, Ентони Хопкинс и Салма Хајек со танц го прославија освојувањето на Оскар. Хопкинс ја доби наградата за најдобра главна машка улога за филмот „Татко“, додека Хајек пристигна во Велс, за да ја прослави наградата со него.
Во видеото кое го објави на „Инстаграм“, Хопкинс игра на песната на Леонард Коен, Dance Me to the End of Love, а на крајот му се придружува и Хајек која ќе го прегрне.
Ентони и Салма се долгогодишни пријатели. Таа присуствуваше и на церемонијата на Хопкинс на Холивудскиот булевар на славните во 2003 година.
Celebrating with @salmahayek the dancing queen 💃🏻 pic.twitter.com/XzbqXRqiNe
— Anthony Hopkins (@AnthonyHopkins) April 28, 2021
Хопкинс не можеше да присуствува на доделувањето на наградите, па актерот Хоакин Феникс, минатогодишниот добитник на Оскар за најдобра машка улога што ја зема за филмот „Џокер“, го прими признанието во негово име.
Хопкинс го освои првиот Оскар во 1992 година за улогата на Ханибал Лектор во филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“. Досега тој беше номиниран за оваа престижна награда шест пати, четири пати за главни улоги и две споредни улоги.
Филмот „Татко“ исто така ја доби наградата во категоријата најдобро адаптирано сценарио, а беше номиниран и во категориите за најдобар филм, споредна женска улога, монтажа и сценографија.