Плус-сајз манекенката Ешли Греам објави видео во костим за капење на Инстаграм.
Се сеќавате кога не ги избричив пазувите за време на карантинот и луѓето ме напаѓаа за тоа? Па погодете што – направив свој брич”, се пофали Ешли. На видеото таа ги мачка нозете со пена и ги избричи. Во еден момент дури и тверка.
View this post on Instagram
Лани во ноември таа објави фотографија на која се гледаат влакна под пазувите и луѓето ја критикуваа поради тоа. Сега луѓето и напишаа под најновото видео дека влакнестите пазуви не треба да бидат тема на дискусија.
“Сè уште не ги бричам пазувите и ми се допаѓа тоа”, “Чекај, луѓето те нападнаа за небричените пазуви? Сериозно?”, “Влакната се нормални. Не е толку голема работа”, напишале нејзините фанови.