На инаугурацијата на новиот американски претседател Џо Бајден се појавија голем број од светските музички и холивудски ѕвезди. Една од нив беше и Џенифер Лопез, која фановите ја обвинија дека пеела на плејбек.
Тие коментираат дека нејзината боја на глас се разликувал додека таа пеела и додека зборувала на шпански. За разлика од неа, за Лејди Гага имаа само пофални зборови и коментари дека направила вистинско шоу на сцената.
„Лејди Гага ѝ објасни на Џенифер како се пее во живо. Зошто Џен пее на плејбек? Аууу, каков перформанс на Џеј Ло во живо, ха, ха, ха, ха. Зошто има плејбек кога добро пее?“, биле само некои од многуте коментари на социјалните мрежи.
Латинопејачката на инаугурацијата се појави во бела облека, боја што го симболизира мирот. За време на својот настап таа на шпански јазик испрати порака дека од сега САД ќе биде земја на слободата и правдата за сите.