(Видео) Георгина во влечки за роденденот на Роналдо

Кристијано Роналдо го прослави својот 36-ти роденден, а неговата партнерка Георгина Родригез ги покажа подароците .

Меѓу многуте кеси и кутии на фотографиите можеа да се видат некои од најпознатите модни брендови, како Луј Витон, Гучи, Прада и Лоуве.

Георгина за роденденот на Роналдо облече фустан и влечки на Луј Витон.  Роналдо сподели фотографија од забавата со семејството.

„Имам 36 години, неверојатно. Се чувствувам како сè да започна вчера, но ова патување веќе е полно со авантури и приказни за паметење. Мојата прва топка, мојот прв тим, мојот прв гол. Времето лета”, напиша Роналдо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Scroll to Top