(Видео) Ги разнежни дури и оние кои не ја сакаат: Меган Маркл сподели емотивна снимка со своите деца

Принцот Хари и Меган Маркл се снимија себеси како поминуваат еден ден со своите деца во природа и уживаат во подготовките за претстојната Ноќ на вештерките. Кралскиот пар помина време со Арчи и Лилибет на фарма за тикви.

Во видеото објавено од Меган, можете да ја видите неа и Хари како се држат за раце додека Арчи ја бара најдобрата тиква, а потоа во вториот дел, Меган ја вози малата Лилибет во количка полна со тикви. После тоа, сите заедно се вклучија во резбањето.

„Среќна недела“, напиша Меган во описот на видеото.

Хари и Меган живеат со своите деца далеку од Велика Британија и сите правила што ги наметнува кралското семејство. Нивниот дом е во Монтесито и ги воспитуваат своите деца на сосема поинаков начин.

Меган Маркл често споделува семејни моменти на социјалните мрежи и открива какви ритуали имаат таа и Хари со своите деца.

Иако често се мета на коментари, па дури имаше и шпекулации дека се на работ на развод, со ова видео тие дефинитивно ги негираа сите гласини за наводни проблеми во нивниот брак.

фото: принтскрин

Scroll to Top