Глумецот Шемар Мур познат по улогите во крими сериите „Злосторнички умови“ и „СВАТ“, објави дека ќе стане татко на 52 години. Убавите вести ги сподели во понеделникот на „Инстаграм“.
Објави видео од забава на која го дознаа и полот, а во видеото рече дека чувствувал пеперутки во стомакот и дека е возбуден.
„Чуда се случуваат. Доаѓа најдобриот дел од мојот живот“, рече Мур.
Откако хеликоптер прелета над нив и испушти розов дим, Мур и неговата девојка Џесири Дижон рекоа дека ќе добијат девојче.
View this post on Instagram