(Видео) Гвинет Палтроу го покажа сопругот кој ретко го гледаме, обожавателите во шок

Актерката Гвинет Палтроу е доста активна на социјалните мрежи каде сега ги изненади фановите со нова објава. Таа на Инстаграм објави видео со сопругот Бред Фалчук, кого ретко го покажува.

Во видеото, таа рече дека го поканила нејзиниот сопруг да и се придружи во новата епизода од подкастот Goop, на што тој се согласил. Оваа снимка која траеше неколку секунди, предизвика чудење кај фановите.

„Да се ​​види Бред на интернет е толку ретко како да се види снежен леопард во дивината“, напиша Џес Сајнфелд, сопруга на комичарот Џери Сајнфелд. Некој се согласил со неа во одговорите, додавајќи дека се чувствуваат „привилегирани“ поради овие сцени.

„Најдоброто дуо досега“, „Имате истите џемпери! Толку слатко“, „Вие сте прекрасен пар“, „Бред има смирувачка енергија. ГП, ти си среќна девојка!“, „Бред е најдобар. Едвај чекам да ве слушнам во епизодите“, „Изгледа толку млад! Морав да погледнам колку години има“, се некои од другите коментари.

Да потсетиме, Гвинет и Бред се запознаа во 2010 година на снимањето на серијата Glee. И двајцата во тоа време поминуваа низ разводи – Гвинет од пејачот Крис Мартин, и Бред од неговата прва сопруга. Тие се венчаа на 29 септември 2018 година на интимна церемонија во Њујорк.

Scroll to Top