Пејачот и глумец Хари Стајлс го плукна актерот Крис Пајн на премиерата на нивниот нов филм „Не се грижи драга“, која се одржа синоќа на 79. Филмски фестивал во Венеција. На Твитер се споделува видео од Стајлс кој се приближува до Пајн, и пред да седне до него, му плука во скутот.
„Пајн, кој аплаудира пред Стајлс да стигне до него, по инцидентот зачудено гледа во својот скут и почнува да се смее иронично. Ни девојката на Стајлс, глумицата Оливија Вајлд не успева да го скрие своето изненадување од реакцијата на пејачот“, коментираат на Твитер.
Филмот „Не се грижи драга“ изминатите месеци го следат скандали и контроверзии, а инцидентот на Мостра е последниот од низата непријатности.
За потсетување, актерот Шија Лабеф беше исфрлен од актерската екипа откако имаше расправија со Оливија на снимањето. Режисерот на филмот, наводно ја омаловажувал глумата на Флоренс Пју, поради што таа скоро и да не учествува во промоцијата на филмот.
Иако не се знае причината за однесувањето на Стајлс, на Твитер пишуваат дека Стајлс се налутил на Пајн затоа што на црвениот тепих тој зборувал колку е добро да се работи со Флоренс Пју, а воопшто не ја спомнал Оливија Вајлд.
#HarryStyles appears to spit on Chris Pine i won't sleep until i know the truth pic.twitter.com/wLXjIHTYgU
— JZMaclin (@Mac70J) September 6, 2022