Сопругата на канадскиот пејач Џастин Бибер, Хајли направила операција на срцето откако минатиот месеци доживеа помал мозочен удар.
Таа на пријателите им откри дека неодамна ја направила операцијата, зафат со кој ги затвора патолошките отвори во срцето кои доведуваат до мозочен удар кај младите луѓе. Тоа обично се изведува кај лица кои веќе претрпеле мозочен удар и кои немале видливи последици.
„Операцијата помина мазно. Сега се опоравувам и сум добро“, рече Хејли на нејзиното видео на „Јутјуб“, „Ја раскажувам својата приказна“. Видеото за кратко време го видоа преку 1,6 милиони луѓе. За потсетување, таа минатиот месец беше итно пренесена во болница во Палм Спрингс со симптоми слични на мозочен удар.
Подоцна докторите објаснија дека тоа е последица на вродена маана, која се активирала откако заболела од ковид 19, а како причина рекоа дека е и преголемиот возбуден живот кој го водела.
На социјалните мрежи таа откри дека има згрутчување на крвта, кое стигнало во нејзиниот мозок и предизвикало минлив исхемичен напад.
„Кога отидов на UCLA, работевме подлабоки тестирања и откривме PFO. Станува збор за преклопување на десната и лицата комора на срцето. Обично при раѓањето треба да се затвори сама од себе, но мојот не се има затоврено. Ми открија дека имам петка, што е најголема оценка која можете да ја имате. Мојата беше прилично голема. Она што обично се случува е срцето ја филтрира згрутчената крв во белите дробови, а тие ја апсорбираат затоа што се големи и тоа можат да го поднесат“, обајсни Хејли во видеото.
Но, во нејзиниот случај, крвното згрутчување побегнало низ дупка во срцето и отишло во нејзиниот мозок и затоа доживеала мозочен удар. Џастин рече дека е благодарен на господ што навреме го откриле.
„Навистина ми олесна што лесно ќе ја пребродиме оваа застрашувачка ситуација и ќе продолжиме со нашите животи“, рече тој.