Меган Маркл доби втора сезона од нејзиното шоу за готвење и начин на живот With Love, Meghan. Снимањето е веќе завршено, а се очекуваат новите епизоди да пристигнат на Нетфликс оваа есен. Оваа вест изненади многумина бидејќи серијата доби слаба оценка и бројни негативни критики.
„Ова може да биде изненадување, но едно нешто што Нетфликс го сака е контроверзноста – и оваа серија секако предизвика многу дебати. Многумина беа толку груби за серијата на Меган што мислеа дека нема шанси да добие уште една сезона“, изјави добро информиран извор за „Сан“.
Оценките за сериите на Меган засега не се големи. Серијата е оценета со 2,4 од 10 на IMDb, а има оценка од 33% на Rotten Tomatoes. Британските медиуми особено го критикуваа шоуто. Независната критичарка Кејти Росеински му даде на шоуто една ѕвезда од можни пет. Таа го нарече шоуто „измачувачко и исцрпувачко“.
И покрај лошите критики на IMDb и Rotten Tomatoes, гледачите на Икс пишуваат главно позитивни коментари за шоуто. „Со љубовта, Меган е совршеното мало бегство од превирањата што се случуваат во светот. Браво, Меган“, „Го гледам шоуто, каков прекрасен живот има“, „Таа е толку шармантна и елегантна“, се некои од коментарите.