Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ бил снимен како се вози во спортско „Ферари“, низ улиците на Стокхлом. Играчот на Милан е познат по тоа што е голем љубител на ексклузивни спортски автомобили.
Неговото богатство се проценува на над 200 милиони долари, што е повеќе од доволно за да може да ужива во своето хоби, купување на скапи автомобили.
Најновиот модел во неговата импресивна колекција е исклучително реткиот „Ферари Монца СП2“, чија почетна цена е два милиони долари. Ибрахимовиќ го искористи убавото време за да го повози овој ексклузивен спортски кабриолет низ улиците на шведската престолнина.
„Ферари“ ќе направи само 499 примероци од овој модел, а шведскиот интернационалец е еден од среќниците што може да се пофали дека поседува еден од нив.
Ибрахимовиќ е познат како голем љубител на ексклузивни спортски автомобили, а претходно беше виден како вози „ЛаФерари“ и „Порше 918 Спајдер“.