Илон Маск имаше непријатен момент кога му се придружи на комичарот Дејв Шапел на сцената во Сан Франциско за време на неговото стенд-ап шоу како дел од големата турнеја. Маск неочекувано се појави на крајот од шоуто, а реакцијата на публиката беше поделена.
Шапел го покани Маск на сцената и ја покани публиката да аплаудира за најбогатиот човек на светот, но заедно со аплаузот за милијардерот имаше и непријатни свирења и извици.
Публиката уште посилно реагираше кога Маск им замавна и ги крена двете раце, а комичарот се пошегува дека сигурно оние што свиркаат имаат лоши седишта.
Стенд ап точката завршила со тоа што Шапел го поттикна Маск да извика „Јас сум богат, кучко!“, а твитерџиите напишаа дека од 18.000 луѓе во публиката, 80% го исвиркале Маск, кој, иронично, носел кошула на која пишувало „Го сакам Твитер“.
Да потсетиме дека Маск по преземањето на Твитер направи низа контроверзни потези кои предизвикаа многумина да ја напуштат платформата.
Never thought I’d see Elon musk and Dave Chappelle together pic.twitter.com/PIbW7HcVxd
— ahmed esmail (@aesmail3) December 12, 2022
Was at the Dave Chapelle show at SF tonight and who comes on but Elon Musk!
A good 80% of the stadium boos. 18k people. and he withers. Like absolutely turns into a corncob.
“What should I say??” He says
Dave tries to salvage the situation but to no avail
— james yu (@jamesjyu) December 12, 2022