Новата серија на Нетфликс за Викторија Бекам открива претходно непознати детали од нејзиниот приватен и професионален живот. Освен што ја открива тајната на нејзиниот успех на светот, како и причината зошто познатата дизајнерка никогаш, ама баш никогаш не се насмевнува јавно, серијата ја покажа и раната средба на Викторија Бекам со магот на модната индустрија – Донатела Версаче.
Самата Донатела објави клип од серијата на Нетфликс на својот официјален профил на Инстаграм, потсетувајќи се на својата прва реакција кога Викторија ја „навреди“ со гест.
„Рани модни спомени со брилијантната Викторија Бекам. Честитки за шоуто на Нетфликс! Неверојатно!“, заклучи Донатела и објави видео од Викторија како зборува за моментот кога направиле прилагодувања на црниот фустан на Версаче.
„Добив покана за ревијата на Версаче од Донатела. Испратија приватен авион за мене во Милано. Влегов во продавницата и ми рекоа дека можам да земам што сакам“, се сеќава Викторија, велејќи дека не можела да поверува.
„Избрав црн кожен фустан и се сеќавам дека го пробав и се погледнав во огледало. Му реков на некој што работеше во продавницата: „Навистина ми се допаѓа фустанот, но ајде да го скратиме и да го стегнеме овде. Можеме да ги отстраниме ракавите… Буквално го редизајнирав целиот фустан“, рече Викторија, забележувајќи дека тоа било „многу грубо од неа“.
И потоа Донатела, со тешко срце, ја опиша ситуацијата во која се нашла. Судејќи според нејзините зборови и изрази на лицето, таа првично не била задоволна од одлуката на Викторија да го редизајнира фустанот, а овој чин ја „навредил“.
„’Не требаше да го направиш тоа’, така се чувствував. Како се осмели да го направи тоа, а потоа сфатив дека тој фустан ѝ стои подобро, бидејќи го познава своето тело“, заклучи Донатела.
фото: принтскрин