Пејачката Никол Шерцингер ги воодушеви милионите обожаватели со ново видео во кое всушност сакаше да го покаже прекрасниот поглед и, очигледно, уште еден сон што се оствари, но токму таа беше во центарот на вниманието.
Со години таа ја оправдува својата титула како една од најубавите жени во светот, и тоа го прави толку лесно на 48-годишна возраст, редовно привлекувајќи восхит од двата пола.
„Понекогаш е добро да се повлечете чекор назад, да земете здив и да се сетите колку сте постигнале. Глетката станува поинаква кога ќе се сетите дека тоа некогаш беше само ваш сон“, напиша познатата бринета покрај видеото што го објави.
Таа блескаше во долг фустан со длабоко деколте и спуштени прерамки, во една од најмодерните бои на оваа сезона, а само неколкуте секунди што ги помина шетајќи во видеото беа доволни за да ги шармира нејзините следбеници.
Никол одеше боса и ненаметливо покажа заводлива линија, а во коментарите, како и обично, доби само комплименти: „Заслужуваш сè“, „Стигна многу далеку, продолжи да нè инспирираш“, „Каков поглед, ти си поглед, жено“, „Каква моќна жена. Погледни каде те доведоа напорната работа, посветеноста, талентот и верата“…
фото: принтскрин






