(Видео) Камерата ги улови Трамп и Меланија додека се расправаат

Камерите уловија наизглед бурен момент меѓу Доналд и Меланија Трамп додека со претседателскиот хеликоптер Marine One се враќаа во Белата куќа по посетата на Обединетите нации во Њујорк.

На снимката, објавена од „Sky News Arabia“, се гледа како 55-годишната Меланија одмавнува со глава и гестикулира, додека 79-годишниот Трамп ѝ возвраќа со вперен прст. Сцената изгледа како вистинска расправија, иако парот само неколку минути подоцна излегол од хеликоптерот држејќи се за рака и со насмевки за камерите.

@skynewsarabia جدال حاد بين ترامب وميلانيا داخل مروحيتهما #سوشال_سكاي ♬ original sound – SkyNewsArabia

Но тоа не беше единствениот „гаф“ за време на нивниот престој во Њујорк. Пред обраќањето на Трамп во ОН, подвижните скали на кои стоеле тој и Меланија одеднаш застанале. Конзервативните медиуми веднаш зборуваа за „саботажа“. Портпаролот на организацијата, сепак, објасни дека камeрман од американската делегација случајно го активирал стоп-механизмот.

Набргу потоа, додека се подготвувал за својот говор, Трамп наиде на нова мака – телепромптерот (познат и како „идиот“) престана да работи, па мораше да направи кратка пауза. „Можам само да кажам дека оној што управува со ова е во големи проблеми“, се пошегува тој.

Белата куќа реагираше остро – портпаролката Каролин Левит порача дека ќе има последици ако се покаже дека вработени во ОН намерно се обиделе да му подметнат сопки на претседателот.

Scroll to Top