Канје Вест ги загрижи обожавателите откако му се појави израсток во средината на горната усна, околу еден месец откако ги извади сите заби и му беа заменети со титаниумски протези.
Раперот потрошил околу 850.000 долари на таа експериментална стоматолошка операција.
„Што не е во ред со горната усна?“, „Нешто се случува?“, „Каква е таа грутка среде горната усна?“, „Брат, зошто имаш јајце на усната?“, „ Крале, имаш хемороид на средината на усната“, напишаа неговите следбеници под неговата најнова објава на Инстаграм.
Инаку, Канје сам ги дизајнирал протезите и, според Дејли Мејл, тие се „поскапи од дијамантите“. Имплантот е сосема нов хируршки модел кој досега го имаат само раперите. Неговата протеза ја постави Томас Конели од Беверли Хилс.