Црно-бела комбинација за принцот Вилијам и принцезата Кејт на доделувањето на филмските награди БАФТА. Крјт на црвениот тепих пристигна во лелеава бела креација на луксузната куќа Александар Мквин, а модната комбинација ја надополни со црни ракавици. Таа го носеше истиот фустан на БАФТА наградите во 2019 година, но фустнот за овогодинашната церемонија малку е редизајниран, пишува Дејли мејл. Кејт одбрала златни обетки од 15,95 евра од Зара.
Додека тие двајца чекорат на црвениот тепих на доделувањето на наградите БАФТА, Кејт со раката го плесна Вилијам по задникот. Ваквата рекација на принцезата е предизвика коментари на социјалните мрежи со оглед на тоа што Кејт и Вилијам секогаш се придржуваат до кралските протоколи.
Принцот Вилијам за овој настан носеше црн смокинг со кадифена јакна, модната комбинација ја комплетираше со црна машна.
View this post on Instagram