(Видео) Кејт Мос и Џони Деп се журкаа заедно во бекстејџот на концерт во Лондон

Британската манекенка Кејт Мос беше на концертот на рок-легендата Џеф Бек на кој неочекувано настапи и Џони Деп. Концертот се одржа во вторникот вечерта во лондонската Ројал Алберт Хол арената, само два дена откако Кејт сведочеше во полза на актерот со кога таа беше четири години во љубов.

Дејли мејл“. пренесе дека тие се забавувале заедно зад сцената, но дека на крајот си заминала сама.

Деп на сцената настапи со рок-легендата Џеф Бек, со кого ги свиреше песните на Џон Ленон, Марвин Геј и Џими Хендрикс

Додека Деп свиреше на сцената Кејт беше со нејзиниот телохранител, а друштво ѝ правеше и поранешната американска ѕвезда Шерон Озборн. Носеше црн блејзер и сатенски панталони .

За потсетување, Кејт неодамна даде изјава пред американскиот суд преку видеоврска за случајот со семејно насилство меѓу Амбер Херд и Џони Деп и ги отфрли обвинувањата дека некогаш била нападната од нејзиниот бивш партнер.

Славната манекенка и актерот беа во турбулентна врска од 1994 до 1998 година. Важеа за еден од најубавите холивудски парови, но беа познати и по скандалите, па ги полнеа насловните страници.

По разделбата Деп почна врска со француската пејачка и гактерка  Ванеса Паради со која има две деца. Во една изјава Деп кажа дека сè  би дал за пак да ја има Кејт во животот, а таа пак изјави дека многу тешко ја поднела разделбата со актерот

Scroll to Top