(Видео) Кејт Винслет не сака да има социјални мрежи: „Зарем тоа не е само пречка?“

Холивудската актерка, Кејт Винслет не ги користи социјалните мрежи и не планира.

Кога ја прашале дали би се придружила на некоја од популарните апликации, особено затоа што таа често станува вирална, Кејт изјавила за Entertainment Tonight: „Мислам дека не. Зарем тоа не е само пречка? Како искрено да ги погледнам моите деца и да им кажам дека не сум сигурна дали е добра идеја ако и самата имам“, изјави актерката.

Таа не сака нејзините деца да имаат социјални мрежи

Имено, Кејт не дозволува нејзините деца Миа (24), Џо (21) и Беар (11) да имаат социјални мрежи. Згора на тоа, таа вели дека тоа е забрането во нејзиното домаќинство.

Кејт на оваа тема зборуваше и во 2015 година, кога беше објавен нејзиниот филм за ко-основачот на Apple, Стив Џобс. Тогаш рекла дека не ја бива со технологијата, но дека не е строга со децата кога е во прашање интернетот.

„Не сум строга, но мора да имаш правила. Ние секако ги имаме, да“, рече таа.

Scroll to Top