Ќерката на Алек Болдвин, Ајрланд Болдвин, откри дека како тинејџерка била силувана и абортирала. Животната приказна ја откри пред јавноста преку социјалната мрежа „Тик-ток“.
„Денес нема да ви кажам детаљно што се случи, но бев силувана кога бев тинејџерка и бев целосно онесвестена кога тоа се случи. Тоа ми го промени животот“, вели Ајрланд во видеото.
Таа раскажа дека со години никому не му кажала за инцидентот, освен на медицинската сестра, која ја прегледала.
„Пиев многу повеќе од вообичаено, излегував постојано, бев во насилни и токсични врски, но и пријателства. Правев сè што можев за да си го одвлечам вниманието и мислите од тоа што ми случи“, раскажала таа.
„Гледајќи толку многу други храбри жени кои што ги споделуваат своите приказни, ме натера да размислувам за тоа како би изгледал мојот живот доколку забременев и морав да одгледувам бебе во тоа време. Имајте на ум, имам пари и поддршка до кои многу жени немаат пристап“, рече таа.
@irelandshmireland I’m here for you ♥️ #fyp #roevwade #womensrights ♬ original sound – Ireland