(Видео) Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит танцува хип-хоп на популарен хит

Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит, 16-годишната Шајло, сподели видео како танцува во сала во ритамот на популарен хит. Таа танцува хип-хоп кореографија. Видеото на Инстаграм го објави танчерот и кореограф Перез Хилтон, а собра речиси четириесет и четири илјади лајкови.

Шајло облечена во црни оверсајз тренерки и покрај тоа што знае дека ја снимаат без грешки ја одигра кореографијата. Шајло од почетокот на минатата година посетува часови по танц во школата Милениум во Лос Анџелес.

Шајло Џоли Пит е најстарата од трите биолошки деца на Бред Пит и Анџелина Џоли и е родена во Намибија, таа со близнаците Вивиен и Нокс, како и со посвоените Захар, Пакс и Медокс, пораснала заедно во семејство.  


https://www.youtube.com/watch?v=pnDBtOdXYbg

Scroll to Top