(Видео) Кевин Костнер стана вирален со неговата реакција на шегата на Рајан Рејнолдс

Социјалните медиуми се вжарија од реакцијата на Кевин Костнер на шегата на Рајан Рејнолдс за скандалот со Џастин Балдони за време на специјалната 50-годишнина на Saturday Night Live.

Рајан, кој седеше во публиката со сопругата, во еден момент станал и им рекол на водителките Тина Феј и Ејми Полер дека има прашање. „Рајан Рејнолдс! Како си?“ го прашаа, а актерот рече „супер, зошто, што слушнавте?“ и ја насмеа публиката, додека Блејк Лајвли наеднаш стана сериозна по неговите зборови.

Само еден ред зад Рејнолдс и Лајвли, оскаровецот Кевин Костнер наводно се намуртил на фактот дека сериозните обвинувања, вклучително и сексуално вознемирување и кампања за клеветење, биле тема на шега. Фановите брзо почнаа да го споделуваат клипот на социјалните мрежи, коментирајќи го изразот на лицето на Костнер.

Еден корисник напиша: „Сите сме Кевин Костнер. Блејк и Рајан имаат што да објаснуваат. Тоа што му го направија на Џастин Балдони воопшто не е смешно“, „Нема милост за Рајан Рејнолдс од Кевин Костнер“, „Кевин Костнер и Шер дојдоа да ги слушнат озборувањата, но не им се допаднаа“, „Воопшто не изгледаше импресиониран кога Рајан Рејнолдс ја кажа таа глупава шега“, „Погледот на лицето на Кевин е бесценета“, се дел од коментарите.

Scroll to Top