(Видео) Ким Кардашјан испи смути од сардина во шоуто на Џејмс Корден

Ким Кардашјан испи смити од сардина во шоуто на Џејмс Корден само за да не открие дали нејзините сестри Клои и Кајли се бремени. Таа и Корден ја играа играта Spill Your Guts or Fill Your Guts, а според правилата, Ким требаше да одговара на интимни прашања или да испие, односно изеде нешто грозно, од менито понудено од Корден. Истите правила важат и за водителот.

Ким без проблем ги рангира членовите на семејството од најдобро кон најлошо облечен, ја откри најголемата мана на Канје, но не одговори на прашањето за шпекулациите за бременоста на Клои и Кајли, па без размислување испи смути од сардина.

Гледајте го видеото за да видите како изгледаше играта на Ким и Корден.

Scroll to Top