(Видео) Кит Харингтон на смрт ја преплаши свршеницата

Ѕвездата на серијата „Игра на тронови“, актерот Кит Харингтон, ѝ подготвил непријатна првоаприлска шега на свршеницата Роуз Лесли. Тој во фрижидерот во нивниот дом ставил глава од кукла што потсетува на него.

„Само ја следев семејната традиција и решив да се пошегувам со Роуз. Нејзиното семејство не се шегува на овој начин, па ми се закани дека ако повторно ѝ подготвам ваков шок, ќе ме остави. Ѝ верувам“, изјави Кит во телевизиското шоу на Џонатан Рос.

Реакцијата на Роуз може да ја видите на видеото подолу.

Scroll to Top