Светскиот супермодел Клаудија Шифер го прослави својот 50. роденден. По тој повод таа сподели видео на „Инстаграм“, на кое носеше фустан, кој го добила за роденден од директорот на модниот бренд Balmain.
View this post on Instagram
Thank you @olivier_rousteing for my beautiful @balmain birthday dress! 💙 I love it.✨🎁 🎂🎉🎈
„Му благодарам на Оливер за прекрасниот роденденски фустан“, напиша Клаудија, која се појави на уште една насловна на британскиот „Вог“.
им
Клаудија вели дека денеска е подготвена да им го отстапи тронот на помладите девојки. Таа во раната младост вели дека сакала да студира право и да работи во фирмата на татко ѝ, но подоцна се откажала од тие сонови за да стане манекенка.
„Ако некој ми каже дека ќе ми даде таблета со која ќе ме врати 20 години назад, без размислување би го одбила. Некои нови генарации треба да ја преземат сега палката. За мене, тоа е сосема нормално и природно“, вели супермоделот.
Клаудија во ноември 1987 година, кога имала само 17 години, била забележана од Мишел Леватон, сопственик на Metropolitan Model Agency. Веднаш ја ангажирал. Набргу потоа таа се појавила на насловната на француското издание Elle.
Од тој момент целиот моден свет ѝ се поклони и денеска таа е синоним за супермодел од деведесеттите години.
„Не сум воопшто љубоморна на помладите“, изјави неодамна Клаудија, која од 2002 година е во брак со филмскиот продуцент Метју Вон со кого има еден син и две ќерки.