(Видео) Криси Тајген објави снимка од болница: Ве молам, запрете ја болката

Манекенката Криси Тајген со снимка од болница објави дека оди на итна операција за ендометриоза.

„Операција на ендометриоза. Ве молам, запрете ја оваа болка“, напиша поранешната манекенка и сопруга на пејачот Џон Леџенд.

Криси призна дека не се чувствува добро затоа што нејзиниот син Џек требаше да се роди оваа недела.

Нејзиниот сопруг, пејачот Џон Леџенд, сподели фотографија со нивните деца Мајлс и Луна, направена во чекалницата во болницата.

„Добро утро“, напиша Џон под неа.

 

Во средата Тајген смело проговори за загубата на своето трето дете и за влијанието врз нејзиното тело откривајќи дека сè уште чувствува удари во стомакот и четири месеци по неговата смрт.

На социјалните мрежи таа ги праша луѓето какви се нивните искуства по операцијата и колку долго трае закрепнувањето, а многу жени ги споделија своите искуства.

Освен Криси, и други јавни личности јавно зборуваа за ендометриозата. Поранешната мис универзум и инфлуенсерка Оливија Кулпо се бори со истата болест, пејачката Халси во 2018 година среде концерт открила дека имала спонтан абортус, а актерката Лена Данам, по долгата борба со ендометриозата, решила хируршки да ѝ биде отстранета матката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by John Legend (@johnlegend)

Scroll to Top