(Видео) Култниот филм „Враќање во иднината“ повторно ги спои Мајкл Џеј Фокс и Кристофер Лојд

Актерите од филмот „Враќање во иднината“, Мајкл Џеј Фокс (61) и Кристофер Лојд (83) минатиот викенд се сретнаа во Њујорк. Тие беа гости на фестивалот „Комик кон“, каде што зборуваа за научно-фантастичниот филм кој ги направи ѕвезди пред 37 години. Мајкл и Кристофер се потсетија на снимањето на култната сага, а зборуваа и за нивното пријателство и кариерата. Видеата од нивната средба се споделуваат на социјалните мрежи, а фановите велат дека се средбата на двајцата актери ги разнежнила.

„Мајкл е многу храбар“, „Не можам да престанам да плачам“, „Толку ми е тешко да го гледам Марти во ваква состојба“, се некои од коментарите.

Џеј Фокс зборувал и за Паркинсоновата болест од која боледува повеќе од 30 години. Болеста му беше дијагностицирана на 29-годишна возраст, кога неговата професионална кариера беше на врвот. И покрај тоа што тешко оди и не може многу да стои, актерот на крајот го прегрнал својот филмски колега, а публиката во салата  ги поздравила со овации.

„Најдобриот дел од овој филм беше работата со Крис. Тој е просто генијален“, изјавил Мајкл на средбата со новинарите и фановите во Њујорк.

 

Scroll to Top