Лејди Гага ја промовираше песната Hold My Hand, од продолжението на култниот филм „Топ ган“. Таа неодамна се пофали дека ќе ја пее носечката песна за „Маверик“ и кажа дека тоа е своевидно љубовно писмо посветено на светот, кој се соочува со тешки времиња.
Популарната пејачка неодамна на Инстаграм објави слики со Том Круз, по што фановите ѝ коментираа дека едвај чекаат да ја слушнат песната, но откако ја промовираше, тие се со поделени коментари. Едни велат дека Лејди Гага е одлична како и секогаш, но други ја нарекоа здодевна.
„Очекував многу повеќе, особено по хитот на ‘Берлин’. Ова ни оддалеку нема да го постигне успехот на Take My Breath Away“ стои во коментарите на Јутјуб.
Во песната Гага зборува за потребата меѓусебно да се разбираме повеќе, да ја вратиме близината, дури и кога сме физички одделени.