(Видео) Лејди Гага ќе плати скоро 100 илјади долари за чуварот на нејзините кучиња

Поп ѕвездата Лејди Гага ќе плати скоро 100 илјади долари, односно 70 илјади фунти, наменети за медицинскиот третман на Рајан Фишер, нејзиниот чувар и шетач на кучиња, кој неодамна беше застрелан од двајца разбојници, за време на киднапирањето на нејзините домашни миленици.

Додека пејачката била во Рим, Рајан се грижел за кучињата. Додека ги шетал, крадците пукале во него и го раниле, за да ги украдат булдозите на пејачката. По нападот Фишер бил хоспитализиран, во сериозна здравствена состојба борејќи се за живот. Сега веќе Рајан е во стабилна состојба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga)

„Лејди Гага се чувствува ужасно за тоа што му се случи на Рајан и сака да биде сигурна дека добро се грижат за него. Таа апсолутно го обожава и се чувствува должна поради неговата храброст. Гага сака да му надополни, затоа што моментално не е работно способен, за што побрзо да закрепне“, изјави извор близок до пејачката.

Цел на нападот беа кучињата, Азија, Густав и Коџи. Азија успеала да избега и брзо била пронајдена, од страна на полицијата, и вратена во домот на Лејди Гага, а другите две кучиња беа вратени од страна на анонимна жена, која подоцна доби половина милион долари, кои Гага јавно ги понуди за оној кој ќе ги најде.

Scroll to Top