Откако кампањата со фудбалерите Лионел Меси и Кристијано Роналдо стана светски хит, Меси повторно е заштитно лице на брендот Луј Витон. Овој пат се работи за кампањата Horizons Never End.
Во рекламата позира на аеродром со куфер LV Horizon, патна торба Keepall Bandoulière 55 и фудбалска топка покриена со логото на Луј Витон. За рекламата одбрана е песната Heroes на Дејвид Боуви.
Во првата соработка со Луј Витон, Меси и Роналдо се соочија во партија шах. На фотографијата направена од светски познатата фотографка Ани Лејбовиц, Меси и Роналдо размислуваат за потегот што ќе го направат над шаховската табла. Фигурите на шаховската табла се позиционирани да го имитираат легендарниот судир во 2017 година помеѓу Магнус Карлсен и Хикару Накамура.
До денес, фотографијата на профилот на Роналдо има над 42 милиони лајкови.
View this post on Instagram