(Видео) Мадона е блокирана од Инстаграм поради голите фотографии

Поп-кралицата Мадона е блокирана на „Инстаграм“ поради објавени голи фотографии. Таа претходно добила и предупредување од администраторите на социјалната мрежа, а беше блокирана за време на едно нејзино обраќање во живо.

„Што по ѓаволите? Никогаш во животот не сум носела толку облека“, рече Мадона откако „Инстаграм“ ја блокираше и објасни дека можеби станува за задоцнета реакција од некои од нејзините претходни објави.

„Можеби се работи за задоцнета реакција на моите објави од минатата недела, но не сум сигурна“, рече Мадона, која неодамна објави видео наречено „Mother of Creation“, на кое таа исто така е гола. Парите добиени од истото требаше да завршат во добротворни цели.

Пејачката на крајот им се извини на фановите што не можела да разговара со нив во живо и рече дека ѝ е жал што ги разочарала. За потсетување, пејачката често изненадува со голи видеа и дегутантни објави, кои според многумина се непримерни дури и за многу помлади од неа.

Едно лице од нејзиниот тим рече дека ги прочитал насоките и упатствата на „Инстаграм“ и таму вели дека оваа социјална мрежа е автентично и безбедно место за инспирација и изразување и дека не треба да се објавуваат голотија..

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

Scroll to Top