Кралицата на поп-музиката Мадона не престанува да ги изненадува фановите со изгледот. Многумина ѝ напишаа дека не можат да ја препознаат и дека лицето и изгледа како да ѝ е заледено и како да не може да го мрда.
Пејачката на „Тик-ток“, ги покри градите, а потоа го бакна екранот. Носеше проѕирна маичка и во преден план ѝ беа голите гради. Многумина ја прашаа што стана со поранешната поп-дива.
@madonna♬ original sound – madonna
„Само кога ќе се сетам како изгледаше во деведесеттите. Беше икона. Што ти се случило? Дали си добро? Ова е тажно. Што ти е со лицето?“, ѝ напишаа некои од нив, а имаше и такви кои ја споредија со Донател Версаче.
Ова не е првпат Мадона да шокира со својот изглед. Таа претходно објави низа фотографии во различни секс-пози додека на себе носеше само мрежести чорапи, капут и капа во воен стил. Единствено што ја носеше под палтото беше долната облека која ѝ го истакнуваше задникот.