Поп-ѕвездата Мадона и нејзиниот син Дејвид Банда летаа со комерцијален лет од аеродромот Џеј Еф Кеј во Њујорк. На интернет се појави видео од моментот додека тие ја минуваа царинската контрола, па ги соблекоа чевлите, јакните, ги пуштија личните работи низ скенер и отидоа кај цариниците да ги претресат.
Видеото предизвика позитивни реакции во јавноста, а фановите на пејачката коментираат дека Мадона не се однесува секогаш како ѕвезда.
„Нормално дека ќе има ист третман како обичните луѓе кога лета со комерцијален лет, а не со приватен. Ми се допаѓа ова“, стои во коментарите.
Мадона неодамна беше на Сицилија, каде што синот Роко го прослави 22 роденден, а таа направи журка за својот 64. роденден.