(Видео) Мајк Тајсон призна дека чувствува вина за смртта на Тупак

Американскиот поранешен професионален боксер, Мајк Тајсон, во едно од своите последни интервјуа откри дека чувствува вина поради смртта на раперот Тупак Шакур (1971-1996), кој беше убиен на 25-годишна возраст во Лас Вегас.

Тупак таа кобна вечер бил во Лас Вегас за да го гледа боксерскиот меч меѓу Тајсон и Брус Шелдон, а сега славниот боксер откри дека чувствува вина поради тоа.

Тајсон во своето интервју открил дека чувствува вина затоа што му вршел притисок на Шакур да дојде на мечот и таа ноќ музичарот бил убиен во својот автомобил.

Тајсон сакал да влезе во рингот со песна на Тупак и вели дека го форсирал да му ја донесе неговата омилена песна на касета.

„Чувствувам вина затоа што го притискав. Му велев да ми ја донесе касетата, да не ја заборави“, изјавил славниот боксер.

Тој вели дека по борбата, планирал да му се придружи на Тупак во ноќниот клуб „662“, пред кој раперот бил застрелан од страна на непознат напаѓач. Но, претходно, Тајсон ги променил плановите.

По борбата, тој заминал дома, каде што го чекале жена му со штотуку роденото бебе. Тој сега вели дека чувствува вина.

Scroll to Top