Американскиот глумец Мајкл Даглас ги изненади сите со новата фризура и имиџ со која се појави во Париз. Оттаму објави видео, а фановите едвај го препознаа. Му замерија дека сега изгледал постар.
Даглас на сите им посака среќен петок. Се сними од тераса со поглед на Париз и Ајфеловата кула. Носел капа со прамени од долга и црвенкаста коса.
„Здраво луѓе. Фала богу што е петок. Се надевам дека сте добро. Многу љубов“, рече Даглас.
Многумина му посакаа убав видекенд и престој во Париз, а имаше и такви кои имаа замерки за новата фризура.
View this post on Instagram
„Прости Мајкл, но поради новата фризура изгледаш многу постаро. Косата ти е ужасна. Изгледаше супер со седа коса“, му коментираа некои од фановите.
Даглас не спомена ништо за новиот имиџ, а многумина мислат дека е за кратко време и дека го сменил за некоја нова улога. Глумецот за Ноќта на вештерките им посака на сите сè најдобро и сподели фотографија од неговиот костим. Даглас за празникот се маскираше во шеик.