(Видео) Мајкл Џордан пристигна во Сплит и се качи на јахта од милион долари

Светски познатиот кошаркар Мајкл Џордан вчера пристигна во Сплит, пренесуваат хрватските медиуми.

Тој пристигна во Ресник околу 18 часот со приватен авион, а на аеродромот го чекаа три комбиња. Веднаш по пристигнувањето во  Сплит, се префрли на супер луксузната јахта О’Пара. Станува збор за јахта изградена во 2020 година, долга 95 метри со шест палуби. Нејзината неделна кирија чини дури еден милион евра.

Џордан има дури шест НБА-прстени и е поранешен соиграч на хрватскиот кошакар Тони Кукоч.

Во јуни 2010 година, Џордан беше рангиран од списанието Форбс како 20-та најмоќна славна личност во светот со 55 милиони долари заработени помеѓу јуни 2009 и јуни 2010 година. Според написот на Форбс, брендот Џордан генерирал 1 милијарда долари во продажба за Најк. Во јуни 2014 година, беше прогласен за прв НБА играч кој стана милијардер.

Форбс го назначи Џордан како спортист со најголема заработка во кариерата во 2017 година. Од 2021 година, неговата нето вредност се проценува на 1,6 милијарди долари според Форбс, што го прави петти најбогат Афроамериканец, зад Роберт Ф. Смит, Дејвид Стјуард, Опра Винфри и Кание Вест.

Scroll to Top