(Видео) Манекенка од Нигерија со фризура од 90.000 евра

Манекенката од Нигерија Чика Лан има фризура што вреди дури 90.000 евра. Барем таа го тврди тоа.

Станала славна поради фризурата, но добила и полициска придружба.

Тврди дека често добивала закани поради нејзината ексцентрична појава, па одлучила да побара полициско обезбедување. Од тогаш се чувствува многу побезбедно.

„Кога на социјалните мрежи ја кажав вредноста на својата креација на главата почнаа закани што ме уплашија и сфатив дека не е паметно да се фалам премногу со мојата скапоцена коса“, изјавила манекенката.

Признава дека ја изгубила својата слобода, но нема намера да ја менува фризурата, во која е заљубена.

„Сакам да бидам уникатна и подготвена сум на разни непријатности само да се издвојам од масата“, вели таа.

Last week with @pulsenigeriatv on one on one.

A post shared by Chika Lann (@chikalann) on

Scroll to Top