(Видео) Меган ги освои симпатиите во Холандија, војвотката го соблече капутот за да затопли бебе од студеното време

Сопругата на принцот Хари, поранешната глумица Меган Маркл стана хит и ги собра симпатиите на сите во Хаг, за време на нејзината посета во Холандија. Таа во еден миг го соблече својот скап капут и го даде на жена која држеше бебе за да го заштити од студеното и ладно време.

Меган и Хари по посетата на кралицата во Велика Британија се упатија во Холандија, каде присуствуваа на спортскиот настан познат како Invictus Games. Таму како што пренесоа медиумите пристигнаа уште во петокот по кратката посета на дворецот Виндѕор.

Меган и Хари беа без нивните деца Арчи и Лилибет кои останаа дома во Калифорнија. Сепак медиумите во Холандија пренесоа дека кај војвотката и без нејзините деца, не изостанал мајчинскиот инстикт.

Таа кога излезе од салата ѝ го подари својот капут од брендот Max Mara кој чини 3710 фунти, на една од натпреварувачките за да го покрие бебето. Моментот го снимија и сите фоторепортери и папараци кои беа во чекор со Хари и Меган.

На интернет брзо потоа се појавија и бројни коментари и реакции. Голем број од нив ја пофалија Меган за убавиот гест.

„Колку убав гест. Никогаш не сум ја сакала повеќе од сега. Не ми беше јасно зошто го соблекува капутот, за потоа да видам дека го даде на жената со бебето“, беа некои од коментарите на фановите.

Scroll to Top