(Видео) Момчето на Џенифер Анистон се вцрвени во емисија: „Не се случи преку ноќ“

Ѕвездата од „Пријатели“, Џенифер Анистон, речиси една година ужива во љубовта со Џим Кертис, кој е шест години помлад од неа, а сега знаеме повеќе за тоа како се запознале.

Џими Кертис се појави во емисијата „Today“ за да ја промовира својата нова книга, а за време на интервјуто со водителот, откри некои детали за својот љубовен живот.

„Нè запознаа пријатели. И тоа е тоа. Сфативме дека имаме заеднички луѓе и едноставно почнавме да разговараме“, објасни тој, додавајќи дека разговорите не се претвориле веднаш во врска.

„Не се случи преку ноќ… Разговаравме долго време и полека се зближувавме“, нагласи Кертис, кој потврди дека неговата врска со Џенифер Анистон е сериозна и трае веќе долго време.

„Со месеци, речиси една година“, беше сè што откри, а водителот коментираше дека нема да го стави во непријатна ситуација, бидејќи се засрамил.

„Да, вистина е, се засрамувам“, призна самиот.

Нивната прва заедничка објава, која исто така ја потврди нивната врска, се појави во ноември. Иако гласините за романса кружеа уште од јули минатата година, дури тогаш Џенифер јасно стави до знаење дека е вистина дека е вљубена.

„Среќен роденден, љубов моја“, напиша таа покрај фотографијата на која се прегрнати.

Scroll to Top