Некрунисаната кралица на бикини, Елизабет Харли (60), редовно воодушевува со своите објави на социјалните мрежи. Како што сугерира нејзиниот прекар, целиот нејзин Инстаграм профил е преплавен со фотографии од бикини, а тоа беше случај и овој пат.
Патем, убавата Лизи ужива во својот љубовен живот со Били Реј Сајрус, но тоа не ја спречува да биде уште попровокативна на социјалните мрежи отколку порано.
Нејзиниот последен пост ги „сруши“ социјалните мрежи, а можеби дури ни самата Елизабет не очекуваше толку многу позитивни реакции. Сè што направи беше едноставно – облече бикини и лебдеше во базенот.
„Лебам во рајот“, напиша таа во описот на видеото.
И сцената навистина изгледаше како рај, или поточно како што го замислуваме рајот. Коментарите под објавата набрзо почнаа да се натрупуваат, а сите се прашуваат само едно – како е можно жена на 60 години да изгледа вака?
„Најубавата на светот“, „Прекрасна“, „Секси сирена“, „Каква магија има на 60 години“, „Изгледаш неверојатно“, „Ти си совршенство“, „Никогаш не го соблекувај бикинито“, беа само дел од коментарите од воодушевените следбеници.






